За нас

about_us
ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје, Република Македонија е современа, научнo – едукативна, јавна установа, чија мисија и цел е да обезбеди најдобра здравствена грижа и нега за пациентите со невролошки заболувања.

Клиниката за неврологија ги третира сите видови на невролошки заболувања како епилепсија, екстрапирамидни заболувања, мултиплекс склероза, нарушување на движењето, деменција и други когнитивни пореметувања, мозочен удар, цереброваскуларни болести, невромускулни болести, неврофизиологија, главоболка и болни синдроми, ургентна неврологија, невроимунологија, развојна неврологија.
Ние нудиме најсовремена дијагностика, дијагностичките оддели и отсеци нудат современи апарати како електроенцефалографија (ЕЕГ), електромиографија (ЕМГ), евоцирани потенцијали (ЕП), компјутеризирана томографија (КТ), доплер на каротиди. На клиниката за неврологија се прави и невропсихолошко тестирање, како и физикална терапија. Во склоп на клиниката се наоѓа и современа биохемиска лабораторија за испитување на цереброспинален ликвор.

Нашиот тим кој се занимава со оваа проблематика е интегриранан мултидициплинарен тим кој се состои од невролози и здравствени професионалци, вклучувајќи реномирани професори од Медицинскиот факултет во Скопје, кои постојано работат на бројни истражувачки медицински проекти со цел стекнување на нови знаења за да се подобри дијагнозата и терапијата за лицата со нарушувања на нервниот систем.
ЈЗУ Универзитетската клиника за неврологија е најстара институција во РМ, која се занимава со невролошки заболувања. Основана е во 1947 година и е дел од Медицинскиот факултет во Скопје. Клиниката за неврологија е единствената установа во терциерното здравство што нуди и медицинска нега воедно и едукација на студентите и специјализанти по неврологија.

Наставата по предметот невропсихијатрија започнала во далечната 1953-54 година. Катедрата при Клиниката за неврологија во континуитет од нејзиното формирање извршува образовна дејност за студенти на Медицинскиот факултет во Скопје по предметот неврологија. Во склоп на специјализацијата по неврологија за лекарите од Клиниката и надвор од неа, семестрално се одржуваат предавања од професорите по неврологија за некои базични и супспецијалистички поглавја од неврологијата.

Клиниката за неврологија од своето постоење до денес успешно ги исполнува своите задачи за пружање на здравствена помош и здравствена заштита за невролошките заболувања на населението во Република Македонија, формирање на високоспецијализирани кадри од областа на неврологијата, обезбедување настава по неврологија за студентите по медицина и едукација на лекарите, поттикнување на научно – истражувачка работа од областа на неврологијата.

 

aaa