Развојна неврологија

Developement-neurology

Во областа на развојната неврологија спаѓа медицинското иследување и лекување на млади и возрасни личности со невроимунолошки, невродегенеративни и невромускулни заболувања, како и васкуларна невропатологија во развојниот период.

Во дијагностичките процедури од оваа област спаѓаат неврофизиолошките испитувања: лумбална пункција, електромиографија со неврографија (ЕМНГ), електроенцефалографија (ЕЕГ) и евоцирани потенцијали: СЕП (Somatosensory Evoked Potentials – соматосензорни евоцирани потенцијали), ВЕП (Visual Evoked Potentials – визуелни евоцирани потенцијали) и БАЕП (Brainstem Auditory Evoked Potentials – аудиторни евоцирани потенцијали со одговор од мозочното стебло).

На Одделот за развојна неврологија работат двајца лекари специјалисти – шеф на одделот и одделенски лекар, лекар – специјализант, одделенска медицинска сестра, собна сестра и болничар.