Ургентна неврологија

urgent

Невролошките состојби и заболувања без потребната хоспитализација и ефективен третман можат да бидат опасни по живот и да предизвикаат хендикеп .

На нашата Клиника одделот за Ургентна неврологија има капацитет од 9 болнички кревети. Тука се хоспитализираат пациенти со ургентни невролошки состојби (кома, мозочен удар, епилептичен статус, мијастенична криза, акутен полирадикулоневрит и сл.). На одделот има монитори кои служат за континуирано следење на виталните параметри (крвен притисок, пулс, фрекфенција на дишење, сатурација со кислород). Дијагностика се врши со најсовремени методи (компјутеризирана томографија, доплер на крвни садови и сл.) и пациентите се поставуваат на терапија соодветна на нивната болест од страна на лекарите-специјалисти -невролози кои работат на овој оддел. Покрај тоа, пациентите добиваат и континуирана нега и грижа од страна на медицинските сестри и болничари кои работат на одделот. Физиотерапевтите работат со секој пациент поединечно, придонесувајќи за побрзата мобилизација и рехабилитација на пациентите. На одделот за ургентна неврологија пациентите се третираат со современа терапија спрема прифатените препораки и протоколи за лекување. Таков е примерот со тромболизата како една од терапиите на избор при мозочен удар од типот мозочен инфаркт, која бара меѓу другото проценка на соматоневролошката состојба и постојан мониторинг на пациент за време и по аплицирање на тромболитичка терапија. Друга таква терапија е плазмаферезата која што исто така бара континуирано следење на виталните параметри за цело време при извршување на истата. Деталните дијагностички евалиации, внимателниот мониторинг и иновативни третмани му овозможуваат на нашиот тим да обезбеди најдобар третман и резултат за секој пациент.