Оддел за епилепсија

epilРаководител на одделот: Доц.Д-р Емилија Цветковска
Одделенски лекар: Д-р Бошковски Бојан

Точната дијагноза и соодветниот третман на пациенти кои боледуваат од епилепсија е заначајна мисија на Одделот за Епилепсија.

Одделот за Епилепсија располага со 10 болнички кревети. Во склоп на одделот функционира и Лабаратроија за Електроенцефалографија, каде се спроведува ЕЕГ дијагностика и ЕЕГ по депривација на сон. ЕЕГ е широко применувана дијагностичка метода со која се регистрира биоелектичната активност на мозокот преку поставување на електроди на скалпот на черепот. Со цел подобро да се илустрираат некои патолошки ритмови се споведуваат методи на стимулација, како што се хипервентилација и фотостимулација. Првенствено оваа метода се користи за дијагноза и третман на пациетни болни од епилепсија, а потоа се користи и кај: воспалителни процеси кај мозокт, дегенеративни процеси на ЦНС, метаболички поремтувања, краниоцеребрални трауми, главоболки итн.

Во склоп на Одделот за епилепсија постои и посебна простроија за пролонгиран – видео ЕЕГ мониторинг, кој е од големо значање, бидејќи овозможува потврдување на дијагноза на епилептични или неепилпетични напади, овозможува визуелизација на видот на нападите, прецизна дијагноза на епилепсија според интернационалната класификација. Видео – ЕЕГ мониторинг е важен дијагностички тест во предоперативна третман на пациенти со рефрактерна епилепсија. Целовечерните снимање овозможува следење епилептиформна активност во текот на спиењето, како и напади за време на спиењето. За време на снимањето во будна состојба на пациентот продолжува нормално активности – исхраната, гледање телевизија, читање, посета на пациетот од медицинска сестра или доктор. Собата за видео – ЕЕГ мониторинг е со прилагодени на услови за континуирано следење во текот на 24 часа, и широко аголна камера.

Од голема дијагностичка важност се и современите радиолошки методи како што е нуклеарна магнетна резонанса на мозокот MRI и земената точна анамнеза за феноменологијата, фреквенцијата на нападите кај пациентите болни од епилепсија. Сите иследувања заедно помагаат за точна дијагноза на болеста и одредување на типот на епилепсијата, се со цел правилен третман.

По поставената точна дијагноза и утврдување на видот на епилепсија,болните се лекуваат по најновите протоколи за медикаментозно лечење на епилепсија, се со цел зголемување на квалитетот на живот