Невропсихологија

psih

Отсекот за невропсихологија е одговорен за дијагностичка евалуација на амбулантни и болнички пациенти со широк спектар на невролошки заболувања како Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест, мултиплекс склероза, мозочни удари, епилепсии, главоболки и многу други. Невропсихолошката процена претставува целокупна процена на когнитивниот и бихејвиоралниот статус на поединецот, помагајќи во одредувањето на потеклото и развојот на заболувањето. За да ги одредиме слабостите и предностите во когнитивниот статус на поединецот, користиме невропсихолошки тестови кои се применуваат во светски рамки. Тестовите проценуваат: внимание и концентрација, вербално и визулено помнење, аудитивно и визуелно процесирање, визуо – спацијални спoсобности, говорно- јазични способности, моторни вештини, планирање и резонирање, како и личносно, емоционално и социјално однесување. Отсекот за невропсихологија нуди и психотерапевтски услуги со цел давање помош на пациентите и нивните фамилии во разбирањето на состојбата и нејзиното влијание врз секојдневниот живот на пациентот, планирање на стратегии кои ќе помогнат во справувањето со проблемите со помнење, внимание, планирање и организација, како и во справувањето со анксиозноста и депресијата.