Лабораториска дијагностика

biolab

Нема сомнение дека клиничко лкабораториската дејност (на цереброспинален ликвор -ЦСЛ, неурохемија, неуроимунологија, хистохемија и хистопатологија на мускулно и нервно ткиво како и молекуларната генетика) станува дел од модерната медицина, а пред се од неврологијата како значајна медицинска област.

Во предходните децении откриени се сложени протеини и протеиски структури, антитела и гени, одговорни за настанување на голем број невролошки заболувања, како цереброваскуларните болести, полиневропати, невролошки заболувања со демијализирачки процеси, генетски условени заболувања (Hantingtonova болест, спино-церебеларна атаксија, различни форми на дистонии, епилепсии, мускулни дистроф) и други.
Клиниката за неврологија располага со биохемиска лабораторија која со анализа на цереброспиналениот ликвор ја прави едеиствена во Република Mакедонија со видот и кавлитетот на анализите, во која се прават испитувања на повеќе од 12.000 примероци на цереброспинален ликвор, како и околу 150.000 анализи и тестови на крв, урина и мускулно ткиво во текот на една година. Во биохемиската лабораторија, покрај рутинските хематолошки и биохемиски анализи, се врши и одредување на концентрација на антиепилептични лекови во крф.

Биохемиската лабораторија за ипитување на цереброспинален ликвор и неурохемија своето постоење и развој го гледа како дел од Универзитетската Клиника за Неврологија во чии рамки постои повеќе од пет децении како засебна единица (Оделение) и притоа станува стручен-методолошки и референтен центар во областа на неурохемија и лабораториска дијагностика на цереброспинален ликвор. Лабораториската дијагностика во биохемиската лабораторија се обавува по сите принципи за добра лабораториска пракса, која се обезбедува со примена на менанџмент на квалитет.
Резултатите добиени во биохемиската лабораторија, се користат за изработка на докторски дисертации, магистерски и специјалчистички трудови како и дипломски работи од областа на медицината и биохемијата и истата зема учество во домашни и странски научни студии и е вклучена во наставно-научната програма на Универзитетската Клиника за Неврологија.

Имено за да ја унапреди својот работа и да го одржи квалитетот на услугите лабораторија за ипитување на цереброспинален ликвор и Неурохемија, како едеинствена од таков вид во Универзитетскиот Клинички Центар -Мајка Тереза Р. Македонија, воведе систем за надворешна контрола на квалитет ,, Prevical – BioSystems” и IQAS shame-Sysmex Europe Gmbh, према стандардите ISO 9001 и ISO 13485.