Неврофизиологија

neurophysology
Одделот за неврофизиологија располага со:

– Два апарата за електромиографија со неврографија (ЕМНГ), кои служат за медицинско испитување на невромоторните контролни системи, вклучувајќи ги електрофизиолошките акциски потенцијали на моторните единици и спонтана активност. Овие апарати се користат во дијагностиката на полиневропатии, болести на периферните нерви и моторните неврони.
– Три апаратски конфигурации за електроенцефалографија (ЕЕГ): стандардна, пролонгирана електроенцефалографија со можност за видео-мониторирање и електроенцефалографија со депривација на спиењето. Наведените апарати се користат во дијагностиката на епилепсиите, вклучително и епилепсија со нејасна семиологија на нападите.
– Апаратски конфигурации за евоцирани потенцијали: СЕП (Somatosensory Evoked Potentials – соматосензорни евоцирани потенцијали), ВЕП (Visual Evoked Potentials – визуелни евоцирани потенцијали) и БАЕП (Brainstem Auditory Evoked Potentials – аудиторни евоцирани потенцијали со одговор од мозочното стебло). Наведените апарати се користат во дијагностиката на многубројни невролошки заболувања.