Невродегенеративни заболувања

neurodegenerative

Шеф на оддел-Проф.Д-р Игор Петров
Одделенски лекар-Д-р Христина Поповска

Одделот за невродегенеративни заболувања при Клиниката за неврологија-Скопје, е високоцпецијализирана единица, каде се дијагностицираат и соодветно се третираат болести на нервниот систем, сите хередодегенеративни и невродегенеративни болести на мозокот. Особено се дијагностицира и третира паркинсонова болест, сите паркинсонизми и паркинсон-плус синдроми, и други заболувања поврзани со нарушување на екстрапирамидниот систем( Морбус Вилсон, Хантингтон хореа, дистонии, спиноцеребеларни атаксии со екстрапирамидни симптоми, итн..), сите видови на дискинезии (тремор, хореа, атетоза, бализам, есенцијален тремор и др.) , сите типови на деменции (Алцхајмер деменција, Деменција на Левиеви телца, Фронтотемпорална деменција, Васкуларна деменција и сите останати), и др.
На одделот се изведуваат стандардни дијагностички методи, како лабораториски анализи, КТМ, НМР на мозок, ВЕП, СЕП и БАЕП, ЕЕГ, невропсихолошко тестирање, а се работи и на воведување на иновативни техники и методи кои ќе овозможат рано дијагностицирање на гореспоменатите заболувања, како транскранијална доплер сонографија на мозочниот паренхим и олфактивни тестови. За многу наследни невродегенеративни заболувања, се предлага и генетско тестирање, за што сме во тесна и блиска соработка со МАНУ.
Третирањето се спроведува според светски водичи и протоколи, а се со цел редуцирање на симптоматологијата и подобрување на квалитетот на живот на нашите пациенти.