Мултипла склероза

multiple_sclerosis

Одделот е сместен на Клиниката за неврологија. Располага со осум кревети.

Овој оддел спроведува дијагностички процедури и третман за пациенти со мултипла склероза, оптички невритис и други автоимуни инфламаторни демиелинизирацки нарушувања на ЦНС.

Одделот за Мултипла склероза е воден од медицински тим на специјалисти, лекари, обучени и запознаени со најновите дијагностички процедури и терапевтски можности и помошен персонал кој се грижи за пациентите во тек на тртманот и рехабилитацијата.

Пациентите заболени од МС кои се лекуваат на нашата Клиника имаат можност да учествуваат во повеќе конролирани клинички испитувања, преку кои се вклучени во најновите третмани на мултипла склероза, а од кои се очекува поефикасна контрола на болеста, како и подобрување на нарушените невролошки функции и намалување на инвалидитетот што го предизвикува ова болест.

Стручноста на целиот тим во комбинација со добрата нега и посветеноста кон пациентот го прави овој оддел центар во Македонија за демиелинизирачки заболувања.