Конгрес 2016

Kongres_banner

ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје во соработка со Здружението на невролози на РМ и Лигата за борба против епилепсиja на РМ во периодот од 21-24 Септември 2016 година ќе организираат 6 -ти Интернационален невролошки конгрес и Втори Охридски Средби како еднодневен сипмозиум за епилепсија на кои ќе бидат презентирани модерни трендови во неврологијата како и нови можности за дијагностика и терапија на невролошките болести.

На овој настан ќе бидат присутни домашни и странски експерти секој во својата субспецијалност кои ќе одржат предавања и ќе ги изнесат своите искуства.

Интернационалниот конгрес и симпозиум ќе бидат одлична можност за запознавање и подобрување на невролошката пракса и лекувањето на невролошките болести во Република Македонија.

Се надеваме дека ќе уживате на Конгресот и дека Вашата интеркација со Вашите колеги од различни земји ќе придонесе за креативна размена на идеи и воедно Ваше лично надградување и усовршување.

Со почит,

ЈЗУ Универзитетска Клиника за неврологија – Скопје