Оддел за главоболки и болни синдроми

glavobolki

На одделот за главоболки и болни синдроми се дијагностицираат и лекуваат пациенти со мигрени, различни типови на главоболки, како и хронични и тераписки резистентни болни синдроми.

Покрај примарните најчести главоболки (мигрената, тензионата главоболка), одделот за главоболки и болни синдроми дијагностицира и лекува ретки главоболки (тригеминални автономни цефалгии, секундарни, главоболки придружени со прекумерна употреба на лекови), спроведува детоксикационен третман и применува најсовремени тераписки постапки.

На одделот за главоболки и болни синдроми се дијагностицираат и лекуваат најчестите болни синдроми, како што се: долно грбната болка, невралгии, невропатски болки, невралгии на тригеминалниот нерв и други болни синдроми.

Нашиот оддел обезбедува современи методи и постапки за дијагностика на наведените болести: покрај стандардни лабораториски анализи, најчесто применувани дијагностички постапки на одделот се: електроенцефалографија, електромионеврографија, анализа на ликвор, електрофизиолошки испитувања (евоцирани потенцијали), неврорадиолошка обработка на пациентот (компјутеризирана томографија- CT и нуклеарна магнетна резонанца- NMR), доплер сонографија.

Дијагностиката и лекувањето на пациентите е со мултидисциплинарен пристап, а по завршената дијагностика, кај секој пациент се спроведува лекување по најсовремени принципи на добра клиничка пракса. Пациентите се хоспитализираат на нашиот оддел после специјалистички преглед кој се одвива во специјалистичка амбуланта на Kлиниката, по претходно закажан термин, со поседување на адекватен упат и преку ургентна амбуланта за итни случаи.

 

Членови на оддделот за главоболки и болни синдроми се:
науч. сор. д-р Арбен Таравари, шеф на оддел
д-р Фатмир Меџити, лекар на оддел