Преку 300 самостојни терапевтски измени на плазма

plazmatronИзминативе две години Универзитетската клиника за неврологија изведе повеќе од 300 самостојни терапевтски измени на плазма. Со оваа процедура се лекуваат акутни и хронични воспаленија на периферните нерви, миастенија гравис и други поретки невролошки состојби. Процедурата се изведува со примена на модерен протокол за измена на плазма во согласност со препораките на медицина базирана на докази. За оваа процедура се користи најсовремен апарат за терапевтска измена на плазма.

Клиниката располага со обучен и квалификуван персонал за изведба на процедурата. Секогаш на прво место се безбедноста, ефикасноста и комфорот на пациентот.