Нов апарат за компјутерска томографија

Од почетокот на 2016 год. на Клиниката за неврологија е инсталиран апарат за компјутерска томографија Siemens Somatom Emotion. Овој современ апарат овозможува брза и прецизна дијагноза , пред сé, на пациентите со мозочен удар. Апаратот се наоѓа во просторот на самата Клиника, така што пациентите повеќе не се транспортираат во друга установа за снимање, туку за мошне кратко време добиваат брза и точна дијагноза. Апаратот за компјутерска томографија се користи за снимање на мозок (КТМ) и за рбетен столб (КТ на лумбосакрален рбет). Апаратот е во функција во работните денови (понеделник-петок) од 8.00 до 20.00 часот.

ctg